Миливојевиќ: Секое отворање на Балканот е добредојдено

You must need to login..!

Опис

Целосно интервју со Срѓан Миливојевиќ – Демократска партија, Србија

-Никогаш во историјата на Србија, а можеби и на Балканот и на овој дел од Европа, во ниту една држава не постоела ваква спрега меѓу организираниот криминал и врвот на власта. Тоа е дефиниција за мафија. Спрегата на властите и режимот со таков наплив на органзиран криминал во врвот на власта е дефиниција за мафија. И навистина е тешко да се борите против мафија. Ние во овој момент во Србија имаме една неверојатна состојба. Толку афери ја потресуваат нашата држава, што да е било каде на светот, Во Африка, земјата би била изложена на сериозни протести на граѓаните за таквиот организиран криминал во кој е заплеткан врвот на власта. За жал во Србија, Владата се уште се држи. Владата се држи и покрај скандалозните афери. Значи ние имаме држава во која е докажано дека врвот на власта учествувал во производство на марихуана на најголемата плантажа во Европа, Јованица од 12 хектари. Ние имаме држава која се потпира на организирани криминални групи кои ги заплашуваа луѓето на избори, вршеа насилство. Ние имаме држава во која врвот на власта видливо беше во спрега со криминалниот клан на Велко Беливук чии монструозни злодела ја запрепастија, не само Србија, туку и регионот. На крајот, имаме држава кој ја води човек кој води политика на „зарѓана лажичка„, кој не скара со сите во регионот, тој човек ли да не носи во Европа. Вие немате во Србија нормални изборни услови, немаме никаква можност да се огласиме на државните медиуми, на медиумите со национална фрекфенција, не можете да слушнете ниту една критичка вест против Александар Вучиќ и Српската напредна партија. Нормално ние правиме се за да дојде до избори и власта да се смени на избори.

Вие во Македонија направивте една голема работа. Некаде 2008 – 2010 доаѓав во Скопје и се чудев како е можно еден слободарски град каков што е Скопје трпи да го претворат во една престолнина на кич културата на Балканот. А потоа истото се случи во Србија, во Белград. Се она што се правеше во Србија некогаш кај Милошевиќ, подоцна се правеше во Македонија кај Груевски, а сега се прави во Србија кај Вучиќ. Мене многу му е важно Македонија да ги отвори преговарачките поглавја, но и многу ми е важно гласот на Македонецот да се слушне и во Србија. Неверојатно е што Срвите имаат претставник во Парламентот на Македонија, а никогаш во 30 години од воведувањето на повеќепартискиот систем во Србија, ниту една македонска партија во Србија немала свои автентични претставници. Затоа ние со господинот Горан Илијевски направивме договор за соработка на Демократската партија со Партијата на Македонците и сакаме гласот на Македонците гласно да се слушне во Парламентот на Србија ако дојде до поместување на изборните услови за да можеме заедно да настапиме како слободни луѓе.


Демократската партија секогаш била интегративен фактор на политичката сцена на Србија, ние секогаш сме се труделе да собереме најширок можен фронт во борбата против Слободан Милошевиќ, тоа беа Отпор и Демократската партија. Да не беше големиот Зоран Џинѓиќ ние никогаш не би го урнале Слободан Милошевиќ. Зоран Џинѓиќ беше доволно голем политичар да може да ги обедини сите прогресивни сили на Србија, да ја поведе таа борба и таа борба да ја заврши како победник. Вие имавте слична состојба во Македонија, додека не се направи широка коалиција предводена од господинот Зоран Заев, во рамки на „шарената револуција“ не беше можно да се сруши еден прилично чуден режим. Но кога зборуваме за Србија, ние во овој момент имаме навистина имаме огромен проблем да ја обединиме целата опозициска сцена. Имаме многу идеолошки разлики, има многу луѓе кои не гледаат подалеку од една година или неколку месеци. Сега Србија не може да ги отвора преговарачките поглавја со Европската унија додека не се сруши режимот на Вучиќ. Тој е противник на Европа.

Секое отворање на Балканот е добредојдено, секое помирување е добредојдено ако зад него стои желба навистина Балканот да се отвори и еднаш засекогаш овде да се затворат споровите. Овде пречесто луѓето на Балканот седат над еден крвав амбис и во локвата крв пребројуваат кој кого и колку од нив убиле. Никој да ја подигне главата и да каже еве ја Европска унија, еве го европскиот светилник. Македонија е членка на НАТО пактот. Македонија ќе мора да добие отворање на преговарачките поглавја. Не заборавајте дека госпоѓата Урсула која е сега претседателка на европската Комисија некогаш беше министерка за одбрана на Германија. Урсула Фон Дер Лајен како министерка за одбрана имаше многу доби контакти со НАТО пактот. Таа цел свој авторитет ќе го искористи за да ја примора Бугарија во овој момент да не врши притисок врз Македонија и да не ја уценува Македонија со неразумни барања. Бугарија има криза Владата во овој момент, веќе трети ибори имаат на 14 ноември. Јас не сум сигурен како ќе се заврши таа криза, но сигурен сум дека светот нема да дозволи, колку и да е зафатен со своите проблеми, Македонија да остане осамена, да остане казнета иако се исполни на тој пат. Она што е посебно важно и што мора да се напомене е дека секое одложување на пристапувањето во Европска унија, сите препреки кои се појавуваат будат една одредена свроскепса кај луѓето. „Еве се направивме, името го променивме за да се помириме со државите во регионот, но Европа е глува и слепа на нашите напори и цело време поставува нови и нови барања“. Тоа буди едно антиевтопско расположение кај граѓаните кое е сосема очекувано. За да се предупреди на тоа неопходно е да се развива свеста за тоа што претставуваат европските вредности.

Мене често луѓето ми велат, па Србија и Македонија се во Европа, да ние географски сме во Европа, но Европа одамна не е географски поим, Европа е политички поим. Многу има да се зборува за овој Мини Шенген. Ние внимателно ја следиме што се случува во Македонија, смедиме како се однесуваат одредени политичари. Гледав пред некое време, и изразувам сочувство до граѓаните на Македонија за големиот пожар кој се случи во тетовската болница, но одма навалија на премиерот Заев разни политилари поучени од минатото. Еве прилика на оваа трагедија ние да бидеме премиери и ние да ја срушиме Владата. Не е господинот Заев крив за таа трагедија, иако многу луѓе дадоа оставки. Но добро ги следиме и изјавите на другите политичари. Нема многу разлика. Ова е Балкан, нема многу разлики во однесувањето во Србија, во Македонија, во Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Мене ми беше неверојатно пред неколку денови гледав еден албански политичар, кого лично го почитувам и ценам, тоа е автентичен претставник на албанското национално малцинство овде во Македонија, но тој одма реши малку да ја промени политичката страна и да го критикува господинот и да прави коалиција со оние кои, ние гледавме застрашувачки сцени на насилство во април месец, кога тој човек полумртов го извадија надвор на улица. И сега тој прави коалиција со нив. Не можете да го заборавите тоа. Видете, повторно подвлекувам дека ние гледаме што се прави овде како што луѓето од македонија гледаат во Србија. Едноставно мора да водите сметка кој се држи до зборот, со кого можете, со кого не можете да соработувате утре, со кого можете да градите сериозна иднина и сериозна соработка. Така е и кога се работи за Мини Шенген, ние водиме сметка за тоа кој го потпишува Мини Шенген, дали тоа го прават истите луѓе кои беа обвинети за тешки кривични дела во Србија, можеби и во Албанија или тоа го прават луѓе кои сакаат на некој начин навистина да му помогнат на господинот Заев да ја изведе Македонија колку толку од овој ќорсокак во кој стигна не по своја вина и не по своја волја. Повторувам, јас верувам во европска иднина на целиот Балкан, јас како член на Демократската партија секогаш ќе градам мостови на соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − 10 =