Миле Бошков: Поголема морална и бизнис солидарност, скромност и рационалност во буџетскто трошење

You must need to login..!

Опис

Работодавачите не се толку инертни колку што состојбата наложува. Кога има безизлезна состојба тогаш тие очекуваат помош. Ние црпиме искуства и оставштина од некое социјалистичко движење од кое ние и очекуваме помош. Веројатно тоа е и во нашиот ментален склоп. Работодавачите и компаниите не треба само да очекуват помош, туку и да создаваат. Четвртиот пакет мерки на Владата можеби се наоѓа во насока на помош, оддржување и зачувување на раотните места, но има и социјален аспект, изјави во Утрински брифинг Миле Бошков од бизнис конфедерацијата на С Македонија.

Ние сме мала економија, но има компании кои аплицираа за последниот пакет на мерки во однос на инвестициите. Околу 40 милиони евра се потрошени за шеесетина компании кои се во фаза на инвестирање и државата им помогна за полесно да го пребродат тој инвестициски циклус. Од друга страна компаниите создаваат вредности , но тоа се насочени кон нашиот пазар. Ние имаме малку компании кои се насочени кон надворешниот пазар, но прозводите кои ги увезуваме и глобалната потрошувачка свест ги прави нашите компании поназад во однос на освојување на пазарите. Во овој момент она што го произведуваме и она што се купува, употребува, е од технолигиите кои ги имаме наназад и не ги обновуваме, а трендот на инвестирање и освојување на пазарот е во нови инвестиции, смета Бошков.

Најважно е да се знае ако работодавачите немаат можност да исплаќаат К- 15, треба да ги известаат своите работници односно синдикатот на таа фирма. Да ги информираат за состојбата, дали можат или не можат да исплатат и да покажат факт од завршната сметка. Но, работодавачите манипулираат и не ја покажуваат. И работниците тоа може да го обжалат

Целиот разговор со Миле Бошков од бизнис конфедерацијата на С Македонија погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − 5 =