Миленковска: Театарот веќе е променет, младите сцената ја гледаат на нов начин

You must need to login..!

Опис

Можноста да создаваш нешто во овој свет, ваков каков што денес е привилегија и ова е можеби најинтересно време да се биде театарски уметник вели младата режсерка Хана Миленковска, чија најнова претстава „Одлука“ беше премиерно изведена на 5 и 6 март во МКЦ – Скопје. Станува збор за уметничко истражување за носењето одлуки, чиј краен исход е театарска претстава изработена без никаков буџет.

„Имаме одлични простори за работа, институции како МКЦ и „Јадро“ кои се секогаш отворени да примат нови млади луѓе, но поради преголемата побарувачка се случува преоптеретување на тие простори и едноствно не можеме да се надеваме на можност за квалитетна продукција во одреден временски рок. Има многу луѓе што сакаат да творат а просторите се ограничени“, вели Миленковска за Утрински брифинг.

За својата најнова претстава таа вели:

„Почнав да размислувам за сопствените одлуки за кои не застанувам да размислам, потоа увидов дека тоа најверојатно е и најголемиот проблем на мојата генерација. А тоа е неизвесноста. Ние сме родени во неизвесност и во премногу информации о оптоварени сме со повеќе дразби отколку нашите претци и повеќе отколку што тие се способни да процесираат. Целиот спектар на одлуки што треба да го донесеме во текот на еден ден е поинаков отколку за луѓето пред 20 или 30 години. Не навлегувајќи во геополитички објаснувања, мислам дека ова сегашно време е најнеизвесно од сите минати времиња“, вели Миленковска.

Ко-автори и актери во претставата „Одлука“ се Мартин Ѓоргоски и Чедомир Митевски. Продуцент е Дино Чупевски, графички дизајнер Матеја Николиќ, а логистичката поддршка е на КСЦ – Јадро. Стручни соработници се Дамјан Дуковски, Владимир Лукаш, Евгенија Здравевска, Владимир Димовски, Калија Киселички, Драган Теодосиев и Јоана Ристевска.

Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

1 × 4 =