Миленковска: Женското творештво и феминистичката литература треба да се дел од образованието

You must need to login..!

Опис

Иницијативата „Сподели авторка“ за четири месеци успеа да донира стотина книги од областа на женското творештво и феминистичката и квир теорија во неколку библиотеки во државата.

„Во иницијативата се вклучија професори, професорки, повеќе активистки, но особено не’ охрабрија луѓето што се јавуваат и сакаат да донираат книги од своите домашни библиотеки, но и да купат некои од книгите што ги имаме споделено на јавната листа. Од овие стотина книги успеавме да направиме три пакети. Досега бевме во Битола и Делчево, а овој викенд ќе одиме во Струга да донираме книги во тамошната библиотека. Освен што се залагаме за поголема претставеност на женската литература воопшто во библиотеките, сакаме да го актуелизираме прашањето за тоа колкава е поддршката што ја добиваат јавните библиотеки.

Се’ повеќе луѓе сакаат да ги користат библиотеките, но се гледа дека им недостасува системска поддршка за да можат соодветно да функционираат. Исто така, во недостиг на тоа овие книги да бидат дел од формалното образование, нашата цел е токму тоа да го адресираме. Конечно, сите вакви иницијативи се обидуваат да пополнат дупка во формалното образование кои би требало да бидат системски поддржани. Нашата иницијатива е симболична, но се надеваме дека барем на оние жени и девојки во помалите средини ќе им се овозможи пристап до повеќе информации и можност дополнително да се образуваат. Во некој совршен свет, оваа иницијатива би започнала со истражување на учебниците и литературата во образовниот систем во однос на женските права, но ние работиме со тоа што го имаме и благодарна сум за солидарноста на многу жени и ииницијативи кои ни помогнаа да ја реализираме оваа наша идеја“, вели за Утрински брифинг, Сара Миленковска, политиколог и активистка за женски права.

Некои од насловите што се дел од донациите на библиотеките се книгите на Тони Морисон, Маргарет Атвуд, Вирџинија Вулф, а од македонските авторки, Ива Дамјановски, Јана Петрова, потоа албански авторки и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 15 =