🎥 📞 Милевски: Реформите се блокирани, потребни се брзи избори веднаш по завршување на вонредната состојба

You must need to login..!

Опис

Собранието донесе одлука да се распушти и да се одржат изборите. Ова е став пред пандемијата кој беше најавен уште октомври 2019. Се фгормира техничка влада која нема мандат да прави реформи. Министерствата се блокирани да ги прават токму овие реформи кои се за доброто на граѓаните. Наш став е дека во државата треба што побрзо да формира нов состав на Собранието, изјави за Утрински брифинг, претседателот на ЛДП и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Не ми е јасна опозицијата што сака. Водат двоен аршин по овие прашања. Ако не ја бива Владата како што велат, тогаш зошто не сакаат да одат на избори. Да се придржуваме на мерките за вонредната состојба што е можно побрзо да заврши. Политичките партии и нивните лидери се договорија со уредба дека продолжуваат предизборните активности во оној момент кога завршува Вонредната состојба, вели Милевски.

Комисијата за заразни болести ги предлага мерките и филтрирани преку Кризниот штаб доаѓаат на Влада. Сега се јави прашањато дали уредбите што ги донесе Владата, после завршување на вонредната состојба остануваат на сила. Значи потребен ни е парламент за овие уредби да добијат на правна тежина. Наш став е дека досегашните уредби треба да имаат правна валидност, вели Милевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 − seven =