Милевски: Работиме на ефективен регионален развој за забрзан економски инвестициски бум

You must need to login..!

Опис

Ние како политичка партија ги кажавме нашите ставови. Секое решение треба прво кај нас да биде искоординарано. Премиерот и Владата имаат јасно зацртана цел – евроинтеграции. Во Бугарија е предизборен период и затоа не е добро ние да додаваме масло на огнот и да им помагаме на популитстичките партии во Бугарија, каде според последните анкети не можат да го пробиат предизборниот праг. Либералите во Бугарија се единствените кои даваат целосна поддршка за почетокот на преговорите. Факт е дека никогаш не се преговара во изборна година. Темата национализам е најдобра за да се подигне рејтингот.

И да нема преговори не е крај на светот. На Европа не и е приоритетно прашање Македонија. Тие имаат блокада од Унгарија и Полска за буџетот кое што може да ја загрози долгорочноста на Унијата. Од една страна ние мораме, доколку не добиеме почеток на преговорите во декември, да го претставиме тимот за почеток и да ги имплементираме реформите, изјави во Утрински брифинг министерот за Локална самоуправа, Горан Милевски и додаде дека во Министерството за локална самоуправа се припрема нов закон со европско знаменце во кој што се имплементираат развојните компоненти кои се од програмата на ЕУ.

-Локалната самоуправа е со намалени прихиоди поради ковид-19. ВО оваа ситуација и државата ни излегува во пресрет, се помагаат најразлични проекти на локалната самоуправа. Со евалуација ги констатиравме проблемите во последните 10 години- регионалниот развој не следи паралелно во сите плански региони. Во Скопје е инвестирано преку милијарда евра и затоа по регионите имаме проблеми со училишта, здравствените објекти, вели Милевски.

Целиот разговор со министерот за Локална Самоуправа, Горан Милевски, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − 1 =