Милевска: Солидарен фонд или т.н „Корона-обврзници“ оваа недела на дневен ред во Брисел

You must need to login..!

Опис

Во Брисел се очекува доста напорна недела на политички план, бидејќи во вторник се оддржува нова средба на евро-групата и на министрите за финансии на ЕУ, каде ќе треба да се разговара за економскиот и финансиски излез од кризата и каков вид на солидарност ќе се заземе, изјави за Утрински брифинг од европската престолнина , новинарката Тања Милевска.

Околу писмото на Фон дер Лајен, каде што таа пред се се обрати до Италијанците и во кое што најави еден голем солидарен фонд кој што би тежел околу 100 милијарди евра нешто по примерот на „Маршаловиот план“, Милевска вели дека тоа е предлог на Европската комисија и на претседателката откако беше многу критикувана за нејзината изјава дека нема шанси да се издадат т.н „Корона-обврзници“. Италија и Шпанија бараа многу поголема солидарност од другите земји членки на ЕУ и бараа „Корона обврзници“, односно сите долгови на земјите членки да се стават во еден кош и сите 27 земји членки да гарантираат за тоа.

Одговорот на Фон дер Лајен првично беше негативен и откако беше страшно многу критикувана излезе со предлогот за солидарен фонд, вели Милевска и додава дека станува збор за еден вид компромис помеѓу тоа што го бараат „јужњаците“ и тоа што го одбиваат „северњаците“ – ЕУ да гарантира со 100 милијади евра за финансирање на Фондовите за невработеност, што би значело сите луѓе кои ќе останат без работа поради оваа криза да ЕУ во целина да гарантира, со тоа што гаранцијата за секоја земја членка да биде пресметана во однос на нејзиното БДП, изјави за Утрински Брифинг, новинарката Тања Милевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × five =