Милевска: Северна Македонија ќе биде одвоена од Албанија кога е во прашање отпочнување преговори со ЕУ

You must need to login..!

Опис

На функционерите од Европската унија дефинитивно им требаше време да сфатат за каква огромна и сериозна криза се работи кога е во прашање вирусот Ковид-19, но вчера се усогласија и кончено на ниво на Еврозоната од денеска во 12 часот се затвораат надворешните граници, информираше во „Утрински брифинг“, новинарката Тања Милевска директно од Брисел.

Милевска, дописничка на МИА од Белгија, сепак потенцира дека предизвик за ЕУ се нејаснотиите околу Обединетото Кралство и Ирска, кои не се дел од Шенген зоната, но и дека во периодот кој следи, ќе се носат одлуки во однос на економските мерки.

„Од една страна има национални мерки плус европски мерки, односно пари кои ќе се користат од буџетот на ЕУ. Европската инвестициска банка исто најави дека ќе издвои средства од својот буџет, околу 40 милијарди евра, но најважна е одлуката на Еврогрупата, да ги направат пофлексибилни буџетските правила. Екстремно се строги правилата во Еврозоната за задолжувањето…и конечно се сетија дека ќе мора да ги флексибираат правилата и сега секоја недела ќе има видео-конференција каде ќе се носат одлуките. Франција има многу широкогради мерки, Италија мора да се справи со економските последици, така што притисокот врз институциите е огромен, тие ќе мора да ги омекнат мерките“, вели Милевска.

Во однос на синхронизацијата при носењето на одлуките, односно донесувањето заеднички политики, Милевска потенцира дека се во фаза на усогласување, но дека засега најголем “проблем“ прави Холандија.

„Заедничките политики би рекла дека се уште се во фаза на усогласување, но важно е да се напомене дека во однос на хигиенските и здравствените мерки, иако повеќето земји-членки бараа исти мерки, Холандија и натаму одбива да ги примени мерките и не ги заштитува своите граѓани, што ќе предизвика проблем кога Холанѓаните ќе сакаат да влезат во другите земји од ЕУ, бидејќи Холандија не ги почитува тие мерки. Сепак нема заеднички одговор“, вели таа.

Кога е во прашање Западен Балкан, односно одлуката за отпочнување преговори со Северна Македонија, дописничката на МИА за Утрински брифинг напоменува дека државата ќе биде одвоена од Албанија за првата меѓународната конференција, која е предвестие за отворање на првото поглавје.

„Оваа цела криза малку ни оди и во прилог, бидејќи ЕУ има и поголеми предизвици. Не треба да се заборави дека бегалската криза е се уште активна, но речиси е сигурно дека овој пат ќе има датум за преговори. Што се однесува до одвојувањето на Северна Македонија и Албанија, има најави дека Северна Македонија ќе има одвоена меѓувладина конференција, која се прави при отворањето на првото поглавје, без Албанија“, напоменува таа.

Меѓу другото, зборувајќи за начинот на кој Белгија се справува со корона-вирусот, нејзиниот впечаток е дека државата малку задоцнила, но главно поради комплицираната политичка ситуација

„И натаму има проблем во владата, во техничката. Екстремно комплицирана политичка ситуација е овде. Фламанската заедница пробува да добие на политички поени. Денеска конечно успееја да ги усогласат мерките, дека се затвораат повеќе работи освен маркети , аптеки и болници. Има психоза и паника, можеби не како во другите земји. Снемува тоалетна, гелови и маски но проблемот е што власта во Белгија не одговори брзо на преокупациите на народот“, одговората Милевска.

Сите што не се неопходни на работното место, директори, заменици-директори, портпароли, работат од дома, и така ќе биде во наредните 2 недели најмалку. Во Белгија не се одржуваат совети и самити со физицичко присуство, а самитот на кој Македонија очекува зелено светло, ќе биде на видео-конференција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + fourteen =