Милевска: По дебаклот со вакцините се тресе фотелјата на Фон дер Лајн

You must need to login..!

Опис

ЕУ минатата недела усвои механизам за контрола на извозот на антиковид вакцините произведени на нејзина територија. Во меѓувреме Германија се закани дека ако се покаже дека фирмите не ги почитувале своите обврски треба да се одлучи за судските последици. И Италија не мирува – од таму исто така се заканија на американската компанија „Фајзер“ дека ќе бидат тужени поради доцнење во испораката на вакцините. Работите се заострија последните недели меѓу европските лидери и британската лабораторија „Астра Зенека“ поради доцнење со испорака на вакцините против Ковид-19. Од компанијата соопштија дека може да испорача „само четвртина“ од првично ветените дози за ЕУ во првиот квартал, како што беше наведено, поради тоаа што таа се производува само во една европска фабрика. Практично, ЕУ индиректно ја обвини „Астра Зенека“ дека ја фаворизира Велика Британија во испораката на своите вакцини на штета на договорените обврски со Брисел.

-Расположението е многу лошо и Фон дер Лајн се наоѓа во многу лоша позиција. Факт е дека многу лошо се изменаџира работата со вакцините. Ова во момент може да дојде до пад на оваа Комисја. Либералите и социјал-демократите бараат сослушување, но Фон дер Лајн упорно се обидува да ја префрли вината на други комесари. Критикувана е што премногу внимании им обрнува на германските медиуми, на Германија, дека ги игнорира другите земји, така што може да се каже дека и се тресе фотелјата. Стратегијата со вакцинација не успеа, договорите со фармацевтските гиганти не се објавени, редактирани се во смисла на количините, роковите итн, изјави во Утрински брифинг Тања Милевска, постојана дописничка на МИА од Брисел, околу политичките реперкусии во Брисел, по дебаклот со вакцините.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 − 5 =