Милевска: Посетата на Заев дојде во вистинско време – Борел дециден – нема одвојување на С.Македонија и Албанија во процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ

You must need to login..!

Опис

Премиерот и делегацијата во добро време решија да го посетат Брисел, за да се расчистат некои работи. Вчера високиот преставник за надворешна политика Борел стави крај на тие шпекулации на доста отсечен начин – рече дека не се размислува, нема никаква намера кај тие што одлучуваат за почеток на преговорите – во Советот на министрите на ЕУ, да се одвојуваат С. Македонија и Албанија. Останува најголемиот проблем – тоа е проблемот со Бугарија и тука многу ќе зависи од односот на другите 26 членки кон Бугарија, изјави за Утрински брифинг, дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.

Сите на почетокот мислевме дека се „будимпештански“ ветрови, но сега се појавува една друга анализа која што мислам дека е доста релевантна,а тоа е дека можеби Вархеји со тоа што ја пушти таа бомба како пробен балон во јавноста успеа да предизвика многу силни реакции од страна на земјите членки. Со тоа што се отвори темата за одвојувањето на Албанија и Македонија, се отвори простор за клучни земји членки како Германија и Австрија да кажат – Не, не доаѓа предвид, па и самиот Борел вчера од ништо не предизвикан во воведниот говор да каже – Ако една работа е точна тоа е дека немаме намера да ги одвојуваме С. Македонија и Албанија, вели Милевска.

Посетата на Заев помина добро. Дојде во право време, и имавме изјава подоцна од портпаролите на ЕК дека фон дер Лајен целосно ја поддржува ЕУ перспективата на Македонија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + eighteen =