Милевска: Можно е германското претседателство да знаело дека вето на блокадата од Бугарија ќе направат други членки на ЕУ

You must need to login..!

Опис

Потегот на Чешка и Словачка можеше да се предвиди. Мене ме изненади фактот што германското претседателство не го предвиде, бидејќи знаеа колку прашањето е чувствително. Блокадата дојде во последен момент. Амбасадорите го добија драфтот, сите начелно дадоа согласност, но откако излезе информацијата кај нас во медиумите, се крена узбуна и дојде инструкција од највисоко ниво, директно од Прага и Братислава, изјави во Утрински брифинг, новинарката Тања Милевска.

Германското претседателство е со месеци тука – значи не може да се билатерализира процесот, немаше референца за погрешно толкување на историјата, се правеше притисок врз Бугарија, но беше неуспешно и затоа не ја исклучувам можноста германското претседателство да попуштило на почетоков на неделава, знаејќи дека некои членки ова ќе го блокираат и друг да ја преземе одговорноста за блокадата, вели Милевска.

Факт е дека Чешка и Словачка се посебно чувствителни на прашањето за јазикот, заедничката историја и точно е дека се билатерализира процесот на проширување и опасноста од понатамошни можни преседани во процесот на преговри со другите земји од Западен Балкан. Ако еднаш внесете „погрешно толкување на историјата“ можете да замислите како тоа може да се рефлектира кога на ред ќе дојдат Црна Гора, Србија, БиХ, Албанија….

Пораката на дипломатите од Чешпка и Словачка која ја добивме беше – Не го правиме ова за Вас, го правиме од принцип, рече Милевска.

Целиот разговор со новинарката Тања Милевска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + two =