Милевска: За Западен Балкан заминувањето на клучна фигура како Меркел е и еден вид на дестабилизација

You must need to login..!

Опис

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен ќе го посети Западен Балкан од 28 до 30 септември, за да ја потврди посветеноста на европските институции за прием на земјите во Европската унија.

„Ќе отпатувам во регионот за да испратам силен сигнал за нашата посветеност кон процесот на пристапување“, изјави Фон дер Лајен за време на нејзиниот годишен говор во Европскиот парламент.

Како што беше потврдено од седиштето на Европската комисија, Фон дер Лајен планира на 28 септември да ги посети Албанија и Северна Македонија, Косово и Црна Гора еден ден подоцна, а на 30 септември ќе престојува во Србија и Босна и Херцеговина.

Новинарката и дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска за Утрински брифинг изјави дека сите земји од регионот не се задоволни од темпото на напредување во преговорите и тешко дека и до декември ќе има пробив за Македонија.

-Европската унија не треба да заборави дека Западен Балкан е регион со најголем економски раст во споредба со другите региони на континентот.

Околу заминувањето на Меркел, Милевска смета дека тоа ќе се почуствува, но не толку, затоа што во последните години како што видовме ние во Северна Македонија, опадна нејзиното влијание.

-Во последните две-три години не Меркел она што беше пред десетина години. ЕУ одамна се подготвува на нејзиното заминување, но за земји од Западен Балкан заминувањето на клучна фигура како Меркел е и еден вид на дестабилиација, бидејќи знаевме дека можеме секогаш да сметаме на неа.

-Исто така треба да се се знае дека Франција се радува што Меркел си заминува и Германија ќе изгуби влијание.

Целиот разговор со Милевска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 2 =