Милевска: Важно е да се третира Западниот Балкан и проширувањето како безбедносно прашање

You must need to login..!

Опис

-Од една страна имаме посета на министерот за надворешни работи Османи во Брисел. Тој ќе остане и во четврток на Самитот на НАТО кога треба да пристигне и премиерот Ковачевски.

-Османи сега има доручек со 10-15 министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, организиран од грчкиот министер за надворешни работи, што е добар сигнал дека Грција сака да ја вклучи С Македонија, да слушне од министерот за надворешни работи каква е ситуацијата во контекст на оваа украинска криза.

8

-Знаеме дека Османи беше доста гласен околу важноста да се третира Западниот Балкан и проширувањето како безбедносно прашање, бидејќи ЕУ како да има тенденција да го заборава Западниот Балкан, а ситуацијата сепак е чувствителна.

-Османи ќе се обрати и пред Комисијата за надворешни работи на ЕП, ќе има средба и со Вархеи, изјави за Утрински брифинг дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.

-Се очекува ЕУ да почне да разгледува и петти пакет на мерки санкции против Русија врз секторот за нафтата, додава Милевска.

-Ако гледаме попозитивно добро е што Борел брзо ја слушна критиката по посетата на С Македонија, но тоа далеку е од доволно. Клучно е сега да се испорача и тестот е отпочнување на преговорите со Албанија и С Македонија во јуни.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 5 =