Мизрахи: Преку поднесен амандан бараме да нема етничка припадност туку кај делот државјанство сакаме да стои македонско

You must need to login..!

Опис

Со 1.200 амандмани кои ги поднесоа Левица законот за лични документи е блокиран. ВМРО – ДПМНЕ поднесе само еден амандман во кој се бара да нема етничка припадност туку кај делот државјанство сакаме да стои македонско. Сега останува да видиме дали се искрени намерите на премиерот Зоран Заев дека навистина сака ова законско решение да помине низ процедурите на Собранието, и доколку е така во овој момент единствено решение е да го повлече законот и да го пушти во нова процедура, вели за УБ пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Во однос на најавената иницијатива за вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ Мизрахи вели дека јавноста е запозната дека на централната седница одржана на 21 јули 2020 година донесен е нов статут на ВМРО ДПМНЕ во кој точно се определени новите делегати кои што ќе бидат присутни на новиот конгрес закажан за ноември. Не верувам дека во било која држава може да се крши статутот и правилата на игра. Јас не знам за кои делегати зборуваат тие, вели Мизрахи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − three =