Мизрахи: Повеќе од потребна е декларација со црвени линии во нашето Соберание

You must need to login..!

Опис

Во неколку наврати пред медиумите кажувам дека со тој договор се отвори една пандорина кутија која што ќе биде исклучително тешко да биде затворена, дека билатералниот однос меѓу соседна Република Бугарија и Македонија не треба да биде дел од постулатот на оние прашања кои што се одговараат за започнување преговорите, тоа е наративот до кој што верувам се држат сите партии во Македонија, сите политички структури, сите политичари и народот во државата, сметам дека е повеќе од погрешно да се заглавуваме во билатералниот однос и во ова прашање и да не ги отпочнеме на овој начин преговорите, меѓутоа тоа е што е, Бугарија е член на ЕУ и таа го има правото на вето. Дека е повеќе од потребно да има декларација на нашето национално Собрание во која што ќе ставиме една рамка на црвени линии и постулати преку кои што нема да може да се преминува мислам дека примерот на Бугарија е повеќе од очигледен за тоа како треба да се постапува политички во овие битки за влез во ЕУ… Сметам дфека ќе биде повеќе од потребно, неизбежно и конечно ќе биде добро за државата да имаме таква декларација во Македонија, изјави за УБ пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Целиот разговор со Мизрахи погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − one =