🎥 Мигрантската криза „во сенка“ на КОВИД-19 – Мерсиха Смаиловиќ од Легис гостинка во УБ

You must need to login..!

Опис

Политичките промени во Грција доведоа голем број на луѓе со признаен статус на бегалци да добијат решенија дека треба да ги напуштат местата каде тшто се сместени и во моментов имаме 30.000 луѓе на улиците на Атина, кои што се со статус на признаен бегалец.

-Во Грција имаме една огромна бројка од околу 120.000 луѓе. Апликациите за азил се разгледуваат многу споро. Ситуацијата во Грција ги тера да се одлучат да го продолжат патот кон земјите во Западна Европа и еден дел се уште ја користи рутата низ нашата држава, изјави во Утрински брифинг Мерсиха Смаиловиќ, Легис.

-Во нашата работа со мигранти и бегалци до сега немам сретнато случај некој да дошол на граничен премин и да побара азил и истото да му е одобрено. Така што илегалната рута, познатиот камен 59 се уште се користи за нивните движења. За жал она што почесто го гледаме се трагични сообраќајни несреќи. Вознемирачки беше кога видовме дека 120 луѓе биле ставени во хладњак. Сето тоа помина незабележано кај нас, заборавајчи дека пред 2 години во Унгарија луѓе се задушија во таков камион.

-Најголемиот број на мигранти, бегалци влегоа во 2015. Околу 1.000.000 транзитираа низ Македонија. Од тогашната бројка никој не остана во нашата држава. Сега имаме бројка од околу десетина кои имаат желба да останат, некои од нив се наоѓаат во Центарот за баратели на азил во Скопје, некои се веќе во приватни сместувања, изјави Смаиловиќ, која додава дека во 2019 ниту едно барање за азил не е одобрено.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − 7 =