Меѓаши: Он лајн наставата им го скрати правото на образование на многу деца

You must need to login..!

Опис

Тринаесет деца на воздраст од 12 до 17 години изработија извештај за правата на децата во Македонија. Разработува седум теми во кои децата чувствуваат дека не им се исполнети детските права. За содржината на извештајот денеска во Утрински брифинг зборуваше Јорданка Черепналкова Трајковска од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

-Прво тргнаа со тоа колку децата се запознаени со правата, па утврдија дека потребна е дополнителна едукација и тоа и на возрасните а не само на децата. Во извештајот се споменуваат проблемите со животната средина, со дискриминацијата, за проблемите со кои се соочуваат децата на улица, и најголем дел од извештајот е посветен на проблемите со образованието. Голем дел од децата се исклучени од образовниот процес поради немање на соодветнио услови за следење на он лајн наставата. Ние како детска амбасада апелиравме до институциите и до компаниите да дадат придонес за да се вклучат и овие деца во образовниот процес.

Во тек е иницијатива со МАСИТ, стопанската комора од ИТ секторот во обид да се обезбедат соодветен број на уреди за да се вклучат во наставата и децата кои не се во можност. А и ние дониравме неколку уреди, рече Јорданка. Проблемите со кои се соочуваат децата не се решаваат преку ноќ, за истите теми се пишувало и во извештај од пред десет години.

-Има минимални поместувања кон подобро, но се уште има простор да се работи за да се изреализираат во целост правата на децата. Во следниот период ќе работиме и на кампања за подигнување на свеста за детските права. Децата во извештајот силно апелираат да се посвети внимание и на спречување на насилство и воведување на активности против врсничкото насилство, овозможување разговор со психолог за да се превенира булингот или да се помогне на жртвата на булинг. Исто така апелираат до надлежните да се направат измени во обемот на часови бидејќи половина ден го поминуваат во училиште, а другата половина во подготовка за училиште, така што многу малку време им останува за слободни активности, кои се многу важни, додаде Трајковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + eight =