Мехмети: Ние глумиме дека сме слободни, но во суштина не сме и покрај извештајот на Репортери без граници

You must need to login..!

Опис

Репортери без граници излегоа со годишниот извештај за слободата на медиумите. За состојбата со медиумите и условите со кои се соочуваат новинарите и фоторепортерите поразговаравме со фриленс репортерката Арбнора Мехмети.

-Полесно е кога си фриленсер затоа што ние се нудиме со нашата сторија. Знаеме каков интерес имаат уредниците и се нудиме со готов производ. Тоа што ние го учиме на факултетот за новинарство е една иделна ситуација, но во реалноста не е така. Сепак, битно е како ние ќе се поставиме како луѓе и професионалци. Не смееме да молчиме за лошите услови, оти ако еднаш молчиш секогаш ќе молчиш, вели фоторепортерката Арбнора Мехмети за Утрински брифинг.

Таа вели дека ние како струка не сме солидарни, а бидејќи никој за нас не се бори треба да се избориме самите.

-Јас не верувам ни во здруженија, бидејќи сум била во една ситуација кога сум требала да докажувам дека сум во право. Причината е што во здруженијата се луѓе кои се пријатели со оние кои работат во медиумите, вели Мехмети.

Македонија е на 57 место, од 90 место по слобода на медиумите. Кај нас не е проблемот само до слободата на медиумите, вели Мехмети и додава дека во годинашниов извештај се земени предвид и самоцензурата и економската положба на новинарите.

-Ако сте долго време во една средина, веќе знаете што смеете а што не смеете и се изложувате себеси на самоцензура за да немате проблеми, вели Мехмети.

Таа вели дека репортерите дожживуваат и притисок да не изразуваат лични ставови на социјалните мрежи.

-Јас кога одам на терен никој не ми е другар. Можам да пишувам за сѐ што мислам дека е лошо и што треба да се смени. Ние глумиме дека сме слободни, но во суштина не сме, вели Мехмети.

Мехмети вели дека се чувствува дека некои медиуми се привилегирани пред други од страна на политичарите од власта или опозицијата.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × four =