Мемети: Дискриминацијата е резултат на онаа свест која што владее во општеството

You must need to login..!

Опис

За поздрав е тоа што во извештајот на Амнести интернешнл се нотираат сите индивидуални случаеви кои треба да бидат и се патоказ за институциите како треба соодветно да постапуваат. За нас е порелеванто како нашите институции се справуваат, постапуваат. Секоја криза ги вади најслабите страни и најслабите вредности кај луѓето и индивидуални случаи ќе има и не треба да се прошируваат. Го следевме „случајот со карантинот на лица Роми“ уште од почетокот на минатата година и веднаш излеговме со реакција и соодветна постапка. Јас сакам да верувам дека нема намера и е дел од тогашната општа паника. Без разлика дали се работи за криза или пандемија ние треба да останеме разумни и вредни и институциите да треба да ги завршуваат своите обврски, изјави во Утрински брифинг Елвис Мемети, советник во Влада за прашањата со Ромите.

Дискриминацијата е резултат на онаа свест која што владее во општеството. Дека имаме ниска свест во рамките на општеството во кое што живееме не е ништо ново. Но не се согласувам дека во рамките на корона кризата и мерките кои беа преземени Ромите не беа дел од нив. Уште на самиот почеток бевме на терен, ги следевме проблемите. Бев вклучен во креирањето и предлозите на дел од мерките или поконкретно во самата бескаматна кредитна линија која владата ја промовираше во декември. Ромските бизнисмени и претприемачи се дел од таа програма. За прв пат владата формира и еден „мечинг“ фонд кој во историјата на државата го нема. Јас сум сведок на многу луѓе од заедницата кои ги користеа тие мерки, вели Мемети.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 2 =