Медикаментите можат да значат и лек и отров

You must need to login..!

Опис

Медикаментите кои секојдневно ги употребуваме можат да значат и лек и отров.

Правилната употреба и дозирање се од исклучително значење за правилен третман на болестите.

Оваа алка од здравствениот систем е последниот филтер пред употреба на било каква терапија. Утре, 25 септември е светски ден посветен на лицата во бели мантили кои стојат рамо до рамо со докторите и се подеднакво заслужни често и во спасувањето човечки животи.

Фармацевтите се значен сегмент во здравствениот систем одговорни за осигурување на правата на пациентите, давање на вистинскиот лек во вистинската доза како и индивидуална посветеност кон секој пациент.

На оваа тема гостин во Утрински брифинг беше претседателот на фармацевтската комора проф. д-р Бистра Ангеловска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 4 =