јануари 14, 2020 560 Нема коментари
You must need to login..!
Опис
Филмскиот критичар Владо Галевски прогнозира дека документарниот филм „Медена земја“кој е номиниран за Оскар во две категории, ќе добие барем еден. „Конкуренцијата е сериозна кај странските филмови, кои се играни и таму фаворитите се други, но реално, во категоријата на документарни филмови, поголем ривал е единствено „За Сама“, заради тоа што се работи за женска перспектива. Но мислам дека овде Оскарот е реален“, рече Галевски.
Маријана Шушлевска од „Фармахем“ истакна дека нејзината компанија преку програмата за зачувување на природата на Швајцарската агенција за развој и соработка и филмот „Медена земја“ почнал да се снима како еден вид промоција на одржливоста на природните ресурси.