Маџов: Македонија има старт-ап херои и приказни кои инспирираат

You must need to login..!

Опис

Пред околу три децении речиси никој не знаеше за двајцата партнери кои ја формираа Стар бакс, компанија која ги проби пазарите во Кина. Веројатно сите го знаеме Цукерберг итн.. Македонија е далеку од овие убави приказни, но има потенцијал бидејќи ИТ индустријата е една од брзо растечка индустрија.

За Игор Маџов, иницијатор за формирање на нова старт-ап платформа, Македонија има огромни потенцијали, односно отскочна даска за старт ап кои што ќе бидат глобално успешни. Тоа што немаме приказна од рангот на Цукерберг не значи дека нема да дојде брзо, бидејќи малку фали за тоа навистина да биде случај и во земјава.

Имаме локални старт-ап херои и локални приказни кои инспирираат. Тоа што не пробиваат во меин стрим вестите, односно приказните не ги споделуваат доволно не значи дека не постојат.

Игор Маџов во Утрински брифинг

Старт-ап заедницата за прв пат добива на внимание поради поголемиот број на компании кои што се развиваат и пласираат продукти. Станува збор за компании чии производи се пласираат најчесто надвор.

Свесни сме за моќното влијание кое стартапите го имаат врз општеството во Македонија, како и за нивното влијание врз економијата. Со нивниот иновативен капацитет тие може да бидат силен двигател на економскиот развој во склоп на сите индустриски гранки. Но за да можат стартапите да променат нешто ние како екосистем треба да им помогнеме да се вмрежат, да се зајакнат и да бидат видливи и препознатливи’’, изјави Игор Маџов од Стартап Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 16 =