Мајка на дете со попреченост: Неопходно е отворање на дневни центри за деца со попреченост

You must need to login..!

Опис

Елена Јакимовска Павлевска, мајка на дете со аутизам денеска во Утрински брифинг зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат децата сопопреченост. -Се соочуваме со многу потешкотии почнувајќи од училиштето, постои дискриминација, има бариери кои со години се развлекуваат а проблемот не се решава. И покрај тоа што за оваа тема често се зборува во јавноста, посебно на трети декември, на Светскиот ден на лица со попреченост, ништо не се променува на подобро. Само се отвораат некои врати од кои нема никаков одговор, вели Елена. Според неа најголем проблем е тоа што нема дневни центри за деца со попреченост.

-Се уште нема дневни центри, нема каде да го оставиме детето со попреченост додека сме на работа. Кон овие деца се постапува како да се некое нужно зло кое мора да постои, но малку се вложува за да им се подобри состојбата. Во некои ситуации лицата со попреченост можат да работат и да бидат материјално независни. За тие лица, државата треба да се грижи уште додека се деца, да им обезбеди образование, за да можат понатака да функционираат сами, вели Павлевска. Дополнителен проблем за неа и нејзиниот син Огнен е што немаат личен асистент, општината Ѓорче Петров им додели само образовен асистент кој е присутен со детето само за време на часовите, но изостанува помошта по часовите, посебно сега, кога поради пандемијата не се во функција дневните престои во училиштата.

-За каква инклузија на лицата со попреченост зборуваме кога се уште тапкаме во место, прашаува мајката на Огнен, дете со попреченост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + sixteen =