Маја Балшиќевска: Институциите допрва треба да направат програми за реинтеграција на жените жртви на насилство

You must need to login..!

Опис

Поимот на реинтеграција на жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство не е многу познат во нашето општество, а всушност претставува важен дел од процесите за справувањето со насилството врз жените.

„Реинтеграцијата редовно оди со процесот на рехабилитација на жените кои преживеале насилство и всушност со овие два процеси се прави целосно вклучување или целосно враќање во општеството и опоравување на жртвите на насилство. Самата реинтеграција значи дека со жените се работи од повеќе аспекти и од психолошки и од социјален, од правен и од економски аспект и кога се работи за домувањето, се’ со цел тие да можат целосно да се вратат во своето семејството, но и во поширокиот општествен контекст,со оглед на тоа што кога биле изложени на насилство не биле вклучени во општеството како граѓанки.

Економската зависност односно неможноста да се обезбедат финансиски средства и безбеден живот за себе и нејзините деца се главните причини поради кои жените не се одлучуваатда ја напуштат насилната средина, односно партнерот. Од тој аспект, реинтеграцијата е исклучително важна, бидејќи опфаќа пет столбови со кои може да се надмине проблемот. Имено, носечки столб на реинтеграцијата е поддржано домување, кое ќе го обезбеди државата или некој специјализиран сервис, каде што жената и децата ќе може да живеат безбедно со обезбедени трошоци за кирија, храна за одреден временски период, најмногу до две години. Потоа, одредена финансиска помош која што би можела да опфати ослободување од партиципација за предучилишни установи, здравствени услуги, блети за јавен превоз, значи помош која ќе овозможи жената да се осамостои и овој процес оди заедно со задолжително психолошко советување и со ментор за економско јакнење, кој заедно со Агенцијата за вработување, центрите за социјална работа и работодавачи со кои има соработка, се води жената низ процесот на нејзино стабилно вработување“, вели за Утрински брифинг, Маја Балшиќевска, проектна координаторка во Глас против насилство.

Таа нагласи дека реинтеграцијата на жените жртви на насилство како процес е нов и неодамна препознаен од државата. Во новиот Закон за заштита и спречување на насилство врз жени и семејно насилство е содржана реинтеграцијата и тој предвидува национална програма која во моментов се подготвува за да можат да јаспроведат наделжните институции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × four =