Марјан Колев за УБ: Оној кој ќе се концентрира на играта и ги има сите играчи на располагање е фаворит за добар успех

You must need to login..!

Опис

Заморот од патот ќе има влијание врз играта, но сите се во иста кондиција, играчите се спремни. Познавајќи го ракометот и големите натпреварувања, сакам да потенцирам дека за Македонија е ова голема прилика, голема шанса и за поздравување е целаиот ангажман на федерацијата. Ова е супер шанса, мислам дека потсвесно и се надевавме на учество и во тој поглед репрезентативците се спремни, изјави за Утрински брифинг ракометниот тренер Марјан Колев.

Ова ќе биде специјално првенство, во специјални услови и оној кој ќе се концентрира на играта и ги има сите играчи на располагање е фаворит за добар успех, смета Колев.

Групата е коректна, во наша корист е што сме комплетни, немаме повреди и други пехови. Шведска е ослабена, но не е е за потценување. Шансите се зголемени, но треба да се земе предвид дека и во нашата репрезентација има големи промени. Би бил презадоволен доколку транзицијата на играчи успешно е направена. Египет е фаворит во групата, играат дома, секако тука е и Чиле, агресивноста ќе биде поголема.

Што се однесува до Кире Лазаров, јас не сум многу за тоа дали сега ќе ја пружи најдобрата партија. Тој пружа многу најдобри партии, станува збор за класа на играч, признаен и европски и светски и е пример како се бори и игра за националниот дрес, истакна Колев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + two =