Мартиноска: Во образованието недостасуваат културата и уметноста, младите треба да градат вкус и критичко размислување

You must need to login..!

Опис

Институтот за македонска литература, на 20 февруари ќе го промовира зборникот текстови „Културата на распродажба“ од повеќе автори, уредникот на зборникот проф. Ана Мартиноска за „Утрински брифинг“ истакна дека книгата обработува актуелни теми за врската помеѓу културата и економијата, пазарното и потрошувачкото општество во коешто живееме.

„Не можеме да зборуваме за култура ако не зборуваме за севкупната состојба во општеството, оттука културата е репрезент и на она што се случува на глобалната сцена: глобализацијата, новите технологии, но и на локалните околности во кои се развива културата кај нас“, рече Мартиноска. Според неа, образованието е главна алатка за развивање на знаења за културата.

„За жал, мислам дека културата и уметноста се премалку застапени на сите нивоа на образовниот систем. Во училиштата младите не добиваат ни основа во однос на сите уметности, а ние треба кај нив да развиваме потребата од културата, и што е најважно преку културата да се развива критичкото размислување“, вели професорката Мартиноска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =