Мартиновски: Уметниците мораат да ги прифатат предизвиците-во најтешки услови се создавани многу значајни дела

You must need to login..!

Опис

Многу сум задоволен од тоа како студентите го прифатија онлајн учењето. Им ги читам трудовите и сум многу среќен за тоа како овие студенти работат и се залагаат, изјави за Утрински брифинг Владимир Мартиновски, поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач.

Потребата за пишување е перманентна. Занимавањето со уметност, без разлика за која уметност станува збор не е трка на 100 метри, тоа е еден вид на маратон, во исто време еден непредвидлив живот процес. Знаеме дека некогаш можете да ги имате и најдобрите услови за за работа, но нешто не оди.

И обратно – знаеме дека во најтешки услови, во историјата и на литературата и на уметноста се создавани многу значајни дела. За време на епидемии, војни, на пример „Декамерон“, дел од драмите на Шекспир се пишувани исто во во карантин. Така што уметниците мораат да ги прифатат предизвиците. Изолирањето од стварноста не е нешто непознато за уметниците. Понекогаш морате да се изолирате за да творите, вели Мартиновски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − twelve =