Маркоска: Избрани сме од народот да работиме во негов интерес

You must need to login..!

Опис

Кодексот за однесување на пратениците тема на денешниот Собраниски брифинг. Колешката Весна Велкова на ова но и на други прашања разговара со пратеничката Даниела Маркоска од редовите на СДСМ…

Мандатно имунитетната комисија денеска расправа за кодексот на однесување на пратениците. Како прва точка е упатството за примена накодексот во првите три месеци од оваа година. Целта на ова упатство е пратениците да научат како да го применат кодексот во своето секојдневно однесување во парламентот но и надвор од него. Во упатството се содржани основните начела на меѓусебно почитување на пратениците како и на останатите.

Во однос на блокадата од страна на опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива во една ваква специфична ситуација сметам дека секоја политичка партија своите интереси треба да си ги остави на страна. Мислам дека сега е момент каде што собранието и пратениците треба да работат во полн капацитет за да носат закони со кои ќе му помогнат на стопанството и на оние граѓани кои ја очекуваат оваа помош. Без разлика дали сме дел од парламентарното мнозинство или опозиција тука сме избрани од граѓаните па затоа мора да работиме за нивниот интерес, вели за УБ пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Маркоска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × four =