🎥 Марковиќ: СДСМ и ВМРО имаат еден премолчен договор – избегнување на ДУИ како коалиционен партнер

You must need to login..!

Опис

Во Македонија има еден дополнителен проблем кој што не можеме да го видиме. Излезе ранглиста – каде што Македонија е последна или претпоследна во медиумска писменост.

Само 25% од населението може да препознае лажни вести и истите да ги игнорира. Мислам дека ова е врзано со функционалната писменост. Критичката оштрица во последно време е затапена. Образовниот систем и либерализацијата во високото образование секако дека имаат одговорност, изјави за Утрински брифинг универзитетскиот професор Ненад Марковиќ.

-Очигледно по три основи сме исклучително слаби – Функционална писменост на неселението, медиумската писменост и тестовите кои покажуваат дека нашиот средношколец знае само 60% од она што го знае неговиот врсник од Финска или скандинавските држави.

-Ќе треба доста да се работи во високото образование, но ние немаме храброст да преземем чекори кои се одлучни и кои можеби ќе значат конфонтација со определни центри на моќ, вели Марковиќ и додава дека плурализацијата и либерализацијата на високо-образовната сцена отиде во тотално погрешен правец и ќе мора да се ревидира.

-На основно и на средно ниво на образование треба уште повеќе да се работи бидејќи ќе добиеме поразителен резултат на луѓе кои веруваат во лажни вести вели Марковиќ.

Околу изборната канпања и програмите на партиите Марковиќ смета дека тргнато е многу храбро посебно со лицитирање на платите.

-Порано универитетските професори, медицинските лица и судиите имаа горе доле слични плати, но сега сметам дека универзитетските професори многу заостанаа во тој дел. Но сметам дека КОВИД кризата ќе биде добар изговор ништо да не мрдне, не само со платите туку и со реформите.

Околу Преспанскиот договор, проф. Марковиќ направи паралела и потсетување на Неа Демократија и Сириза и смета дека ништо поразлично нема да се случи и во Македонија.

Меѓународниот фактор и она што се случи во Грција ни ги гарантира тоа. Подигнатите тонови за ревидирање на Преспанскиот договор се апсолутно губење на време. Тоа има еднократна употреба во изборната кампања и толку. Тоа е реалност која мора да се прифати.

СДСМ и ВМРО имаат еден премолчен договор – избегнување на ДУИ како коалиционен партнер. Препознаа дека кај ДУИ има замореност , почнаа да се расфрлаат со бомбастични евидентно популистички идеји. Прво Заев им ги затвори вратите, а потоа и Мицкоски, изјави за Утрински брифинг универзитетскиот професор Ненад Марковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 8 =