Марковиќ: Проблемот не е Албанец-премиер, туку премиер од редовите на ДУИ под контрола на Ахмети

image

You must need to login..!

Опис

Подобро е да се случат избори отколку да чекаме. Избори мора да има бидејќи се наоѓаме во политичко лимбо. Ние ја согледуваме ситуацијата од аспект на тоа дека немаме избори но не сфаќаме кои се фактори стојат зад тоа: техничка влада, распуштено Собрание…во секој случај нема кој да прави демократска контрола врз Владата која носи уредби со сила на закон. Опозицијата не сакаше да се свика Парламентот, што беше нелогично и имавме неефикасност на терен што се покажа во самата криза, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во денешното издание на „Утрински брифинг“.

„Факт е дека техничката влада е привремен формат кој трае 100 дена и кој треба да донесе само нови избори и да даде легитимитет на истите и нема никаква друга освен една латентна функција каде што влегува опозицијата која добива своевидна реклама и се обидува да разоткрие скандали. Меѓутоа тоа е меч со две острици бидејќи таквите скандали треба да бидат поткрепени не само ПР. Во секој случај техничката влада е закочена, нема внатрешна координација“, изјави Марковиќ.

Според него, во државата тотално е непотребна дебатата „Кој е крив“, објаснувајќи го неговиот став дека мерките можат максимално да бидат на сила до 1.јуни, како една психолошка граница.

„Јас тврдев дека три месеци е максималната психолошка граница по која граѓаните се опуштаат и потоа кај нив мора да се врати одговорноста. Што требаше? Чулев да им влегува на граѓаните по дома или Филипче да излезе да им мере температура? Тоа е неодржливо и таа дебата не треба да се користи во предизборието“, вели професорот.

Тој сме дека корона вирусот ќе доминира во предизборните кампањи.
„Точно може да се види тајмлајнот на јавниот дискурс од почетокот на корона кризата, па економските теми, па имаше едно опшутање пред Рамазан Бајрам и потоа повторно корона вирусот стана главна тема на политичките партии. И така ќе остане со оглед на новиот пик и мислам дека нема опозиција која ќе издржи тоа да не го експлоатира. Притоа не смеат да заборават дека и тие учествувале во самата влада и носат одреден дел од одговорноста“, потенцира Марковиќ во „Утрински брифинг“.

Професот Марковиќ анализира неконзистентност околку рестриктивните мерки и либерализацијата на тие мерки. Тој вели рестриктивните можат да издржат три месеци, потоа се враќа одговорноста кај граѓаните.

„Во тие два-три месеци не може да се бара прохибитивни мерки во еден дел, а кога ќе дојде религиозен празник да сте против бидејќи се работело за религија. Тука мораше религиозните заедници да покажат поголема зрелост. Симболично некако, се тргна наопкау после изјавата на поранешниот реис Сулејмен Реџепи а поттикната од литијата од Струга. Неконзистентноста на мерките сметам дека е резултат на неубавиот, неискрен и неконструктивен однос помеѓу религиозните заедници и државата. Јас ја разбирам ситуацијата на Владата која е композитна и имаше одреден степен на толеранција кон религиозните слободи. Но се знае дека пред религијата, здравјето на граѓаните е поважно, особено кога гледате дека дел од религиозните заедници не се однесуваат коректно. Неконзистентност имаше кај повеќето чинители“, тврди Марковиќ.

Како што вели тој, иако другите земји на Македонија можеби гледаат со потсмев, сепак работите се менуваат и надвор, во што Марковиќ гледа потврда на политолошката теза дека безбедноста и слободата се исклучиви поими.

„Ако сакате повеќе безбедност мора да се укинува слободата, ако сакате повеќе слобода тогаш ќе страда безбедноста“, вели тој.
Марковиќ смета дека ескалирана е дебатата на ептен про-прохибитивни мерки и ептен пролиберализација.

„Јас кажав и на Советот на безбедност дека рестриктивни мерки траат максимум три месеци потоа се џабе. Кај нас се испостави дека веќе пред крајот биле тотално џабе. Кога масовно се кршеле и се доби вториот пик. Тие може да функционираат за да се подготвите, да направите протоколи за како ќе работи економијата, хотели, угостителски објекти, како ќе се одвива транзитот низ државата итн итн. За тоа се тие три месеци. Ние ја плаќаме цената на тоа што немаме индивидуална одговорност, што живееме во колективитети. Не може вечно да чекаме друг да ни го решава проблемот. Не може Чулев или Филипче да ви биде виновен за се. Може да дадат препораки и да ја подготват држава но не може вечно да трае“, вели професорот.

Помеѓу останатите теми, универзитетскиот професор Ненад Марковиќ даде своја оценка и на идејата на Али Ахмети за премиер Албанец, со тоа што смета дека тој е осамен во ваквата идеја.

„Не е проблем Македонија да има премиер Албанец. Секој може да биде, тоа е позиција на прашање на политички договор. Она што повеќето партии изреагираа многу негативно е што имаат проблем тој да биде од редовите од ДУИ. Проблемот го гледаат во тоа да се има премиер Албанец кој ќе биде под контрола на Али Ахмети. Мислам дека останатите партии изгубија трпение и го сметаат тоа за гол популизам. Етницитетот не е проблем, не е детерминирачка категорија. Мислам дека ДУИ остана тотално осамен во оваа идеја…Мене ми личи на Тиранска платформа 2. Некакво бомбастично барање и на крај кој профитираше? ДУИ. Сега не успеа Ахмети да им ја подметне идејата на останатите албански политички лидери. ДУИ доби прилично лош фидбек и изгуби со оваа идеја“, вели Марковиќ.

Тој тврди дека следните избори се важни за понатамошното менаџирање на кризата, не само здравствената туку и економската криза, односно дали ќе има континуитет или дисконтинуитет при раководењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × five =