🎥 Марковиќ: Кој и да победи на изборите ќе има јака опозиција која редовно ќе и „дише во врат“

You must need to login..!

Опис

Треба да се биде внимателен со анкетите. Не зборам за центри кои преентираат полувистинити и полулажни анкети. Во Хрватска имаме пример – коалицијата „Рестарт“ имаше предност убедлива на анкетите а на изборите катастрофално изгуби. Така што би рекол дека треба да се биде апсолутно внимателен кога се работи за овие истражувања, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, политиколог.

-Луѓето нема да ги премислите со црна кампања. Црната кампања кај опозицијата зема голем дел. Доколку ги прашате граѓаните да набројат пет позитивни елементи од програмата на ВМРО-ДПМНЕ верувам дека нема да можат да ви ги набројат, вели Марковиќ.

-Интересен феномен е што високо на агендата кај повеќето аналитичари е кампањата на ДУИ и убедувањето дека ДУИ не треба да влезе во Владата. И од двете најголеми партии (македонски) го избегнуваат ДУИ како коалициски партнер. 2016 се докажа дека мајскиот договор не може секогаш да функционира. Јас не гледам зошто би имало различен третман ако договорот победник со победник не важи за македонските партии би важел за албанските, изјави Марковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − fourteen =