Марковиќ: Во политиката сите коинциденции се намерни, па тука спаѓа и религијата

You must need to login..!

Опис

-Одлуката на Вселенската патријаршија не треба да се преувеличува иако станува збор за голем чекор. Нашата црква веќе не е шизматичка. Мене ме изненади поблагиот одговор од Српската православна црква отколку од Бугарската православна црква. Но, сѐ уште е рано, затоа што немаме официјален став од СПЦ, за Утрински брифинг вели проф. д-р Ненад Марковиќ.

Иако МПЦ сѐ уште е далеку од добивање томос, но овој чин се толква како маргинализирање на Руската православна црква.

-Очигледно е дека светот ќе се подели на оние кои се под влијание на Руската православна црква, а и држава, и оние кои се под влијание на Вселенската патријаршија, а јас мислам дека границата ќе биде на Табановце, па оттука јасна е нашата позиција, вели Марковиќ.

Тој додава дека токму поради политичката димензија на религиозните прашања, Руската и Бугарската православна црква реагираа пожестоко од СПЦ. Како што стојат работите во православниот свет, ако не се признава црквата не се признава ни државата.

-Во политиката сите коинциденции се намерни, па тука спаѓа и религијата, вели Марковиќ. – Стратешкиот дијалог со САД е во склад со нивната политика, која никогаш не брза ама и никогаш не доцни. Стратешкиот дијалог и признавањето од Вселенската патријаршија се два настана кои дојдоа во многу краток рок и кои се порака до Европа, додава Марковиќ.

Марковиќ смета дека најверојатно во јуни нема да дојде до придвижување на односите со Бугарија, иако е можно изненадување, но мое да се очекува придвижување наесен. Опозицијата можеби во тој контекст инсистира на бојкот до паѓање на владата и предвремени избори.

-Последниот обид за промена на парламентарното мнозинство беше многу скоро и заврши неславно, па веројатно требаше опозицијата да почека некое време. Второ, протести со транспаренти во Собраието е веќе видено и не е некоја стратегија. И трето, ВМРО-ДПМНЕ нема политичка понуда ниту искристализирани ставови. Освен можеби во идентитетскиот дел иако и таму се во конфузија, например со ставот за Ќосето кој бил близок соработник на Ванчо Михајлов и поддржувач на окупацијата на Македонија, вели Марковиќ.

Тој смета дека со бојкотот, ако дојде до бојкот на гласање на витални закони што ги засегаат граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ може да изезе и како виновник. Што се однесува до рејтинзите, паѓаат и на власта и на опозицијата. Со тоа што е нормално рејтингот на власта на паѓа затоа што тие се во позиција да згрешат, коментира Марковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen − eleven =