🎥 📞 Маријана Лончар Велкова: При он-лајн нарачките незадоволните купувачи да направат приговор, да побараат да им се вратат парите или да им бидат заменети производите со други

You must need to login..!

Опис

КОВИД-19 и пандемијата го променија начинот на однесување и живеење воопшто. Он-лајн нарачките се зголемија, а со тоа и трговците треба да се прилагодат на новонастанатата ситуација.

-Се менува квалитетот на живеење, се ограничува движењето. Он-лајн нарачките се зголемуваат и тоа е нормално во овој период, изјави Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи.

-Имавме околу 500 јавувања на потрошувачите и тука гледаме кои се најголемите проблеми. Имавме поплаки околу гаранциите и поправките на производите. Тука е работата и на туристичките агенции и ваучерите. Морам да напоменам дека туристичките ваучери можат да се искористат до 2021 година. Но некои не можат да ги искористат, како пример ги издвојувам оние што требаше да одат на екскурзија. Но кога се носат мерките, нормално е и во брзање нешто да се погреши“, изјави Маријана Лончар Велкова, претседателка на Организацијата на потрошувачи.

Незадоволните купувачи треба да направат приговор или да побараат да им се вратат парите или да им бидат заменети производите со други. Ние не можеме многу да помогнеме во вакви случаи. Граѓаните што се незадоволни од добиените производи треба да ги фотографираат и да се пожалат кај организаторот на онлајн-нарачката, бидејќи купувачот не ги добил намирниците што можеби ги планирал за да приготви ручек, останал значи без планираните производи. За секој што организира онлајн-нарачки има поставено одредени правила, кои се наведени и треба да се види дали тие се испочитувани, изјави Маријана Лончар Велкова.

Кога се работи за габаритни прозиводи (машини за перење, шпорети) би препорачала, иако треба да се доплатат пари, граѓаните да ја искористат оваа можност и да побараат овие производи да им се инсталираат во домовите за веднаш да се забележат евентуалните грешки, додаде Маријана Лончар Велкова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + 9 =