Маричиќ: Премиерот има реална проценка пред посетата на Софија, има поместување во разговорите

You must need to login..!

Опис

Посетата на Хрватска е долго планирана – целта е средба со хрватскиот министер за правда, посета на УСКОК, посета на Академијата за судии и јавни обвинители. Во овој период кога очекуваме ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, особено во поглавјето 23, мислам дека може многу да очекуваме и целта е да се воспостави едно стратешко партнерство Хрватска. Постојата хрватски експерти кои работат на владеењето на право како тема преку ЕУ фондовите тука кај нас и ние сакаме тоа да го надградиме, сметаме дека имаме многу што да научиме особено за поглавјето 23, изјави во Утрински брифинг министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Одиме да ја реафирмираме нашата позиција. Хрватска е наша приајтелска земја која може многу да влијае на одлуките, но целата оваа посета иам за цел да воспостави едно стратешко партнерство меѓу С Македонија и Хрватска за прашањето од поглавјето 23, да стапиме во поинтензивна комуникација со тимот од Министерството за правда на Хрватска кое што работел на трансформацијата и преговорите за ова поглавје и да ни помогнат нам подобро да се подготвиме, вели Маричиќ.

-Премиерот има реална проценка. Тоа што го кажа е точно – правиме големи напори на дипломатски план, секако дека има поместувања, она што е различно од претходно е што имаме интензивна комуникација на релација Скопје – Софија, бидејќи Софија сфати дека ова е сериозно прашање и дека се работи за тестот на европската политика на Западен Балкан, а не само билатерни односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.

-Ние немаме што да криеме, бидејќи нашите позиции околу идентитетот, јазик и се она што е неопходно да се заштити во овој процес е јавно познато и нема да има отстапувања, но сите детали треба да се договорат. Од друга страна имавме искуство со опозицијата кога комиунициравме за Преспанскиот договор кога не се покажаа како некои сериозен и конструктивен фактор. Тоа не значи дека не се информирани, но нивниот одговор е блокирање на раскрсниците и тешко може во таков амбиент да воспоставиме некој сериозен дијалог со нив за ова прашање, вели Маричиќ.

-Дел од нашите политики се кројат сериозно долг период, во моментот кога некој законски предлог ќе излезе во јавноста тоа значи дека се отвора за дебата и во Собранието и во јавноста. За дел од Законите имаше и јавни расправи, јавни дискусии. Нашата желба е во интерес на граѓаните во овие кризни времиња некои работи побргу да се случуваат. Парламентот предолго беше блокиран, се уште не функционира, така што во желбата да направиме нешто за граѓаните поскоро, пред да заврши Собранието пре летниот одмори изборите, мислам дека и предолго чекавме за некои работи, и мислам дека затоа впачотокот дел од работите се туркаат без дебата, вели Маричиќ.

Целата приказна започна од политичкото барање на ВМРО-ДПМНЕ да се вгради овој систем (гласање со отисок) како механизам за идентификација на гласачите. Бидејќи тие го постапија како најважно политичко барање за локалните избори, Владата тоа го прифати и низ една работна група, заедно со нив го преточивме во законски текст кој беше усвоен во Собранието. Претходно пред да го усвоиме во консултација со ДИК ги замоливме да ни потрдат дека се во состојба тоа да го спроведат. Тие тоа го потврдија и сега државата со реаблансот обезбедува 12 милиони евра и нема веќе изгововори. Постапката за набавка, вградување на таа опрема, ставање во функција и спроведување на обуките е примарна одговорност на ДИК. Од ДИК тврдат дека роковите ќе бидат исполнети роковите. Очекувам најдоцна во јули месец да разговараме со ДИК, да седнеме да видиме до каде сме, и дали е рално да се исполни тој механизам. Не очекувам одлагање на локалните избори, тоа може да биде само причина на ставање на овој механизам во функција по локалните избори.

Целиот разговор со министерот Маричиќ погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + 18 =