Маричиќ: Новата методологија дава реална рамка за текот и должината на преговорите

You must need to login..!

Опис

Овој документ се уште не е излезен. До последен момент може да претрпи промени. Она што може да се види од нацртот е дека тоа пред се е политички документ наместо бирократски.

Балканот се оцртува како геостратегиско подрачје и тоа е нов момент. Првиот, односно суштината на правилата на ЕУ е најважиот кластер, она што беше до сега поглавје 22 и 23.

Тој е отворен за цело време во текот на преговорите. Напредокот во другите кластери ќе зависи од напредокот на овој. За првиот кластер нема временски рок на траење додека за другите може да се ограничи, доколку има напредок, и да се затвори за една година. Добро е што на ваков начин им се дава на преговорите реална рамка до кога би траеле. Ниту едно поглавје не се брише туку само се реорганизира, изјави во Утрински брифинг, Бојан Маричиќ, дел од преговарачкиот тим на Македонија.

Клучно е владеење на правото и функционирање на демократските институции – на овој начин се формализира следењето. Ќе има детален акциски план и поинтензивно ќе биде следено од сите држави, вели Маричиќ.

Околу законот за ЈО, Маричиќ изјави дека повикот до сите пратеници е упатен и отворен. Работиме со сите пратенички групи, но дали ќе успееме ќе знаеме на 12 фебруари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 2 =