Маричиќ: Луѓе кои до вчера го водеа процесот на преговори со Бугарија до ќорсокак сега наоѓаат забелешки

You must need to login..!

Опис

Се сменија двајцата премиери, и во Софија и во Скопје, по што следуваше посетата на бугарскиот премиер на Скопје.

-Мислам дека посетата е оценета многу позитивно и тука и во Софија. До оваа посета пониско ниво на односи не сме имале со Бугарија, оттука па натаму може да одеме само угоре. Мојот впечаток е дека премиерот Петков е искрен во намерите, дека постои добра волја, свесен е за предизвиците, но и сака да постигне конкретни резултати, а не да се задржи само на старите теми, вели Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања за Утрински брифинг.

Историските теми речиси исчезнаа од бугарските документи. Маричиќ ова го коментира како волја да се решат другите прашања како економијата, инфраструктурата и културата, па оттука да тргнеме понатаму. Ако се прошири спектарот на разговори, да не се сведува само на историја, ќе тргнеме напред, коментира Маричиќ.

-Прв чекор е заедничката владина седница што ќе се одржи во Софија а на која ќе се оформат тие пет комисии вон историската комисија. Некаде до март или април овие комисии ќе се среќаваат еднаш неделно. Сега сме целосно ослободени од датуми и месеци, битно ни е да се разгледуваат прашањата од друга перспектива. Суштината е колку искрено ќе влеземе во овие роцеси, вели Маричиќ.

Маричиќ вели дека средбата на Кирил Петков со идерот на опозицијата Христијан Мицкоски поминала добро судејсќи според соопшението од ВМРО-ДПМНЕ и додава дека е многу битно по ова прашање со Бугарија сите, и позицијата и опозицијата да имаат исто гледиште и стојалите.

Критичарите велат дека сме го потрошиле последниот адут со вербалната нота дека нема да имаме територијални претензии кон Бугарија.

-Истиот став го имаат критичарите и во Бугарија. Истиот ден луѓето кои до вчера беа во процесот на преговорите и од бугарска и од македонска страна истапија со изјави дека ова е погрешен чекор. Јас мислам дека ова е чекор напред бидејќи со ова затвораме едно прашање. Тоа беше гест на добра волја, вели Маричиќ.

Наместо да бидеме во фронтална позиција, а бевме во таква позиција со краткото име ние решивме еден проблем. Тие Северна Македонија го перцепираат дека е поширок поим од Република Северна Македонија и сега го решивме тоа. Тоа прашање се појави по Преспанскиот договор, вели Маричиќ и додава дека ваква нота е испратена и до НАТО и до ОН.

Тема на критика е и македонското малцинство, особено што претседателот Стево Пендаровски има поотворена политика кон македонското малцинство во Бугарија.

-Тоа е иницијатива на претседателот Пендаровски, но ние сме во координација, го информираме претседателот за чекорите на Владата, но тој има право на свое мислење за надворешната политика, вели Маричиќ.

Перцепција на владата е дека помина предолго време, потрошено на избори во двете земји, и потребно е да се реагира побрзо.

Францускиот претседател Емануел Макрон во својот говор по повод претседателството со ЕК голем дел посвети на Западен Балкан.

-Франција е клучен играч за проширувањето и тоа го видовме. Наскоро ќе имаме посета на Франција со министерот Бујар Османи да видиме како Франција може да помогне. Но, тоа не значи дека некој друг ќе ни го реши проблемот. Добро е што денес од Франција имаме поотворена и поамбициозна политика кон Западен Балкан. Тие отворија Агенција за финансирање проекти во Белград која е задолжена за целиот Балкан, вели Маричиќ за Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × 3 =