Маричиќ контра Андоновски: Помалку политика во изборот на ЈО

You must need to login..!

Опис

Вархеји започнува абмициозно со јасна цел и план е заклучок на двајцата соговорници во Утрински брифинг, Стефан Андоновски советник за надворешна политика на Мицковски и Бојан Маричиќ советник за надворешна политика на Зоран Заев.

Според Маричиќ, ЕУ нема да си дозволи уште еден дебакл како оној во октомври.

Претходно ќе мора да има договор со сите земји членки. Сите ќе мора да бидат искрени, јасни и чесни, рече Маричиќ.

-Мора да се гарантира функционирање на институциите пред изборите за да имаме аргумент плус во нашето портфолио. Се надевам дека сите партии ќе гарантираат и креираат една фер и демократска атмосфера, рече Андоновски.

-Владата е цврсто определена да ги организира изборите на фер и демократски начин. Врвен интерес на ЕК секој случај на висока корупција да биде истражен. Вархеј јасно кажа дека е направено се што треба да се направи. ДОбро би било да се донесе Законот за ЈО пред изборите. Битна порака е дека оваа обрвска нема да се тргне од масата, додаде Маричиќ.

-Имаме принципиелен став во последните две години. Се правиме околу активно учество во носење на законите со европско знаменце. Немаше блокади за да не се донесе. Остануваме на европскиот пат, изјави Андоновски.

Маричиќ за Утрински брифинг рече дека едно од прашањата е дали политиката треба да учествува во избор на обвинителите или не. Околу тоа не можевме да се согласиме, односно постапката како да се бира обвинител кој што треба да биде независен.

-Ние сметавме дека треба да имаме обвинител кој треба да биде независен. За нас што помалку треба да има политика. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека тоа треба да биде резултат на јасен политички договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × five =