Маричиќ: Алките се прескапи за одржување, ќе бараме начин да се изнајмуваат

You must need to login..!

Опис

Состојбата во ДИК и недоразбирањата со печатите и важечки и неважечки ливчиња.

-Спорот настана што има пресуди од Управен суд дека не е пречка што нема печат за да биде ливчето важечко. Кај нас секогаш изборите биле важна тема и секој случај на изборни манипулации треба да се санкционира. Со ДИК имаме соработка и комуникација. Јас им укажувам што треба да имаат предвид, но одлуките се нивни. И кога сме работеле на Изборниот законик тие настапувале тимски иако се од различни партии, изјави за Утрински брифинг министерот за правда Бојан Маричиќ.

Решивте на барање на граѓаните да ја повлечете одлуката за градење прифатен центар во Бардовци.

-Овој проблем подолго беше отворен. На него работеа и Оливер Спасовски и Стефан Богоев. Граѓаните имаа собрано 1800 потписи и владата едногласно одлучи да се стопира градбата и да се бара локација вон населено место. Не е поврзано со изборите. Кога и да се донесе за добра одлука нема лошо време.

Европскиот извештај излезе со низа забелешки за правосудниот систем со неколку но недоволни напредоци.

-Извештајот е и реален и добар. За нас е водич за понатамошните постапки. Во врска со судскиот буџет тој не е намален во суштина. Во 2019 судиите ја тужеа државата за додатоци, па министерството се спогоди да им исплати еднократно сума од 200.000 денари. Платите на судиите и обвинителите ќе бидат за 15% поголеми и ќе има околу 70 вработувања. Во буџетот се предвидени сите тие работи како и плаќање на вештачењата, а догодина ќе имаме и 30 нови судии и 30 нови обвинители што завршиле Академија.

Условите за работа на обвинителствата се катастрофални.

-Секаде каде што може владата помага но со буџетите си управуваат обвинителствата. Свесен сум за проблемите но не може се да се реши одеднаш.

-Пробацискиот систем не функционира затоа што е поевтино да ги одржуваме притворските единици отколку алките. Овие што ги имаме се застарени и не можат да се користат. Размислуваме за опција по потреба да изнајмуваме алки од фирми за што ќе плаќа државата, а по завршувањето на потребата ќе си ја земе алката назад.

-Коморите се под надлежност на Министерството за правда но тие се самоорганизираат. И вештаците и проценителите имаат проблем со организирање. А ние работиме на нов Закон за вештаци со што ќе се уредат работите. Имаме листа на регистрирани вештаци, но организацијата им преостанува на Комората на вештаците.

Случај Плацеви на Водно, не ги прифаќаат доказите од Обвинителството испратени од странство.

-Тоа се сериозни материјали кои ги прибавува Обвинителството преку меѓународни канали кои одат преки Министерството за правда. Сите докази се прибавени од кипарските власти и документацијата е проследена, а ние немаме право да ги отвораме оти се класифицирани.

Дали очекувате промена на власта во Унгарија и враќање на Груевски?

-Дали ќе се смени власта одлучуваат граѓаните на Унгарија. А ние очекуваме и претходно да биде испорачан затоа што е правосилно осуден на затворска казна и се водат повеќе други постапки против него.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + nineteen =