Манчевски за УБ: Потребна е реорганизација на целата институционална поставеност во системот

image

You must need to login..!

Опис

Кога ќе кажеме јавна администрација мислиме на сите вработени во јавен сектор, но тоа не е така. Јавната администрација се едвај 16.000 луѓе од сите тие вработени во јавниот сектор, другото се училишта, болници, јавни претријатија итн.. Во јавната администрација, и веќе ги правиме анализите, имаме и проект финансиран од страна на ЕУ за реорганизација на целата институционална поставеност во системот, покажува дека јавната администрација има недостаток на високо квалификуван кадар. Сега утврдивме дека има луѓе кои што се внатре вработени, кои што долго време седат на многу ниски работни места, за многу ниска плата. Во меѓу време завршиле високо образование. Наместо да бараме луѓе од надвор се обидуваме на овие луѓе да им дадеме шанса, имаат искуство од работење внатре во институцијата и доколку институцијата има потреба тие да бидат распоредени на повисока работна позиција. Но тоа не значи за сите веднаш. До сега таква можност немаа. Со Законот на некој начин ги мотивираме институциите прво да барааат внатре луѓе па после на екои други места, с отоа што има даваме конкретен рок. Во одреден рок треба да им понудат некаква опција која што не е нужно да се реализира. Можеби институцијата нема потреба, можеби човекот не сака, но опцијата постои, изјави за Утрински брифинг, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, говорејќи за последните измени во законот за државни службеници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − nine =