Мангутова-Стоилковска: Бензините се контролираат секојдневно и се доволно квалитетни

You must need to login..!

Опис

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави новите цени на горивата и според нивните пресметки тие пораснаа во однос на цената по која се продаваа претходниот период. Повисоките цени на горивата секако дека се одразуваат и ги диктираат и цените на електричната енергија но и на храната, а сето тоа удира по џебот на граѓаните.

Но покрај високите цени дел од македонската јавност забележува и дека горивото го нема истиот квалитет и дека сега со иста количина поминуваат помалку километри.

Дали е тоа така одговор бараме од надлежните кои го контролираат она што се продава на бензинските пумпи односно од бирото за Метологија во Утрински брифинг разговаравме со д-р Бианка Мангутова – Стоилковска менаџер за квалитет во оваа институција.

-Секојдневно водиме контрола и земаме примероци од горивата и досега тие ги задоволуваат критериумите, па стравувањата на граѓаните не се оправдани. Бирото за метрологија работи со акредитирана лабораторија и резултатите од нашите испитувања се признати и точни, вели таа.

Бирото анализите ги изработува за Државниот пазарен инспекторат кој пак постапува на терен.

-Ако нешто во горивото не е во задоволените рамки, доставуваме извештај до ДПИ, а потоа тие постапуваат според Законот за потрошувачи и донесуваат соодветни мерки како што е затворање на бензинската пумпа, вели Мангутова-Стоилковска за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 − one =