Мамудовска: Наместо да намалува- расте невработеноста кај жените Ромки

You must need to login..!

Опис

Жените во Македонија генерално се соочуваат со тешкотии да се вработат. Ситуацијата е уште потешка за жените од маргинализираните групи, особено за Ромките. Тие се изложени на „двојна дискриминација“ – од мнозинското население и од самите ромски заедници, врз основа на етничката припадност и полот. Податоци од истражувањето на ХЕРА покажуваат дека 94 отсто од вкупниот број регистрирани невработени Ромки се без образование или имаат основно образование и дека во 2020 се зголемил бројот на невработени Ромки во споредба со претходната 2019 година.

„ХЕРА уште од 2019 година го спроведува проектот Вработена Ромка е независна Ромка, кој финансиски е поддржан од шведската фондација „Квина тил квина“ и работи на економското зајакнување на Ромките со цел да го подобри нивниот социо-економски статус. Начинот да се постигне целта е преку групата застапување на еднакви можности за Ромките. Групата е составена од седум Ромки активистки и моментално е единствена ромска иницијатива која активно работи на следење на имплементацијата на стратешките документи и се стреми да ги промовира родовата еднаквост во областа на вработувањето. Според податоците од Мониторингот на вработеноста на Ромките, во 2020 година, бројот на невработени Ромки е зголемен за 57 % во споредба со 2019 година. Па така, невработеноста на Ромките не само што не се намалува, туку има тенденција на постојано зголемување. Исто така, за 96 % е зголемен и бројот на регистрирани невработени Ромки со завршено средно образование. Само 205 Ромки искористиле некоја од мерките за вработување од вкупно 7280 регистрирани невработени Ромки. Ова сведочи за високиот степен на незапознаеност на Ромките со мерките и услугите на пазарот на трудот, и несоодветно креирани мерки чии критериуми за користење ретко може да ги исполнат Ромките. Поразително е што речиси и да нема Ромки на раководни позиции во нашата држава, при што само 6 Ромки се вработени на раководни позиции од вкупно 156 мониторирани државни институции“, вели за Утрински брифинг Сибела Мамудоска, членка на групата за застапување на жените Ромки во ХЕРА.

Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 5 =