Малишиќ: Загубите се големи, цената на лебот мора да биде корегирана

You must need to login..!

Опис

Од 1-ви март нема да имаме замрзнати цени на основните прехрамбени продукти.

Најверојатно ќе се прибегне кон други механизми за да се спречи ценовен шок меѓу нив ограничување на маржата на трговците. Ова вчера го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој посочи дека во следниве две недели се планираат средби со засегнатите страни на кој би требало да се испеглаат ставовите.

Но кога станува збор за лебот е тука особено ќе се кршат копјата со оглед дека изминативе два месеци мелничко пекарската индустрија постојано апелираше дека трпат огромни загуби и дека состојбата со замрзнатите цени може да доведе до празнење на рафтовите за леб во продавниците.

За одлуката од 1-ви март да се тргне ограничувањето на цените на основните производи од следниот месец разговараме со претседателот на Здружението на мелничко – пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

-Ние како индустрија се соочуваме со големи проблеми по зголемувањето на трошоците околу електричната енергија, со што одлуката за замрзнувањето на цените нанесе голема штета на индустријата, па очекуваме ако се прекине оваа одлука дека индустријата ќе изнајде некаков начин да ги избалансира цените за да немаме загуби и понатаму, вели Малишиќ.

-Очекуваме да видиме какви одлуки ќе бидат донесени со контролирање на маржите, на кој дел од трговците.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 × 1 =