Малески: Од Балканот знаеме дека кога ситуацијата ќе тргне кон комплицирање потоа е тешко да се сопре

You must need to login..!

Опис

Македонија се наоѓа во една позиција како иден претседавач на ОБСЕ чие претседателствување започнува вгодина. Тоа значи дека и ние треба да се вклучиме во активностите на ОБСЕ.

-За разлика од Советот за безбедност, во ОБСЕ секоја земја има право на вето. Таму е членка и Русија и ќе биде тешко да се постигне консензус, вели Огнен Малески, амбасадор во ОБСЕ и долгогодишен дипломат кој додава дека Русија не може да се исклучи од ОБСЕ бидејќи е еден од основачите, за разлика од Советот на Европа од каде може да биде исклучена оти е примена.

ОБСЕ е многу активен на терен и собира информации од загрозените подрачја.

-ОБСЕ фантастично функционира за градење на демократијата, негативните појави како шверц со луѓе, но кога ќе дојде до вакви ситуации на спротивставени интереси ОБСЕ се блокира и тешко функционира, вели Малески.

Тој појаснува дека сегашната мисија на ОБСЕ во Украина која е предводена од искусен турски дипломат имаше рани предупредувања во смисла на тоа каде и кога се забележани движења на воени сили.

-Претпоставувам дека оваа мисија набргу ќе ја заврши својата мисија на теренот. ОБСЕ има неколку функции – рано предупредување, посредување во конфликт и поствоена рехабилитација, вели Малевски.

Раното предупредување вели дека ситуацијата не оди на добро и дека ќе следи голем бегалски бран. Здравиот разум вели дека треба да има што помалку жртви, а од Балканот знаеме дека кога ситуацијата ќе тргне кон комплицирање потоа е тешко да се сопре, коментира Малески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 5 =