Малески: Конференцијата во Скопје значи и оддавање на признание за сработеното околу ЕУ интеграциите

You must need to login..!

Опис

Берлинскиот процес за прв пат е воден од земја кандидат (Македонија) и земја член на Унијата (Бугарија). Што е она што ќе произлезе како резултат од конференцијата која што се одржува во Скопје, во присуство на министри од Балканот како и на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, Утрински брифинг разговараше со амбасадорот Огнен Малески, амбасадор.

Одбрана е практика која во изминативе 30 години е востановена во ЕУ – секои 6 месеци министрите на ЕУ да се состануваат во неформална атмосфера, без обврзувачки заклучоци. Мислам дека тајмингот е многу добар. Се совпаѓа со важни одлуки кои треба ЕУ да ги донесе во март.

Самиот избор на Македонија да биде копретседавач со Бугарија има симболично значење. Се оддава признание дека сме сториле многу во планот на соработка со соседите и пошироко. Како домаќини имаме привилегија да имаме две обраќања. Тоа е важно околу создавањето на една позитивна слика во рамките на ЕУ.

Главната порака треба да се упати кон оние евро-скептици и кочничари во рамките на ЕУ – односно како тие да се убедат да донесат позитивна одлука за побрз напредок на регионот.

Она што може да ја расипе сликата се лошо организирани избори, нешто што никој не го посакува или можеби го посакува, но е непознато за јавноста. Т.н прљава кампања станува лајт мотив. Тоа не ми се допаѓа, вели Малески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × four =