Максути: Сервисирањето на ер тракторите ќе чини 25 милиони денари

You must need to login..!

Опис

Започнат е процесот за сервисирање на ер тракторите, односно авионите за гаснење пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување денеска во Утрински брифинг рече дека се чека само на техничките детали.

  • Веќе е направена јавната набавка, и очекувам следната недела фирмата која ќе го врши сервисирањето да дојде и да ги земат авионите. Се чека на нивните дозволи и лекарските уверенија за да може Агенцијата за цивилно воздухополовство да ги проверува. Истиот момент кога ќе бидат подготвени, ќе ги превземат и ќе почне сервисирањето, вели Максути. Дирекцијата за заштита и спасување договорот за сервизирање на авионите го склучила со шпанската компанија Titan Firefighting Company S.L. Се работи за поправка и сервисирање на трите противпожарни авиони.
  • Сервисирањето на авионите е предвидено да чини 25 милиони денари. Во таа цена спаѓа и програма за одржување според сите стандарди на Европската Унија. Годишното одржување на авионите значи подготовка на воздухопловите со сите технички подготовки за да може авионот да лета и да гаси пожари.Временската гаранција што ја дава операторот што ќе ги сервисира авионите е за период од една година, објаснува Максути.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − 5 =