Макрадули: Владата не се откажува од продажба на поштата, јавно-приватно партнерство е реална варијанта

You must need to login..!

Опис

-Во моментов нето загубата за оваа година е околу 3 милиони евра, но има акумулирано и други загуви кои не се поврзани со работењето оваа година на пошта. Оваа загуба се должи на два фактори – Ковидот и стечајот на Еуростандард банка.

-Полека се опоравуваме но сепак сме далеку опд она што беше во 2020 година. Доцниме во рамки на финансиските услуги. Пошта има околу 1 милион приход.

-Јавното приватно партнерство е реална варијанта. Процесот на легализација со објектите на пошта се уште не е завршен и немаме многу недвижен имот бидејќи тој што го има го делиме со германски Телеком.

-На потенцијалот што го имаме потребен е додатен инпут и експертско знаење за нова организациона умешност.

-Ние се бориме само, а во голем дел од земјите во светот буџетот се субвенционира.

-Податоците покажуваат дека клиентите се враќаат на услугите на Македонска пошта но се бориме и со нелегална конкуренција. Во земјава циркулираат коли од друга држава и вршат достава, без притоа да се плати данок а со тоа губи државата.

-Ние постојано нудиме и бараме решенија до владата, заеднички настапуваме со телеком, сега сме во процес на поделба на струјата… Владата не се откажува од пошти, со јавното приватно партнерство ќе ја зајакнеме услугата, и ќе направиме крупни чекори напред, изјави за Утрински Брифинг генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − four =