Македонскиот снукер шампион од карантин порачува: Ќе издржиме – времето сакале или не ќе помине

You must need to login..!

Опис

Затворањето на границите како една од мерките за заштита на ширењето на коронавирусот ги затече и повеќе спортисти кои ја претставуваа Македонија на меѓународната сцена. Еден од нив е и учесникот на ЕП во снукер, Павле Данилов.

Откако заврши турнирот, Павле Данилов мина низ неколкудневна голгота обезбедувајќи си самостојно сместување и чекање на прием во авион за некоја блиска дестинација, што им се оставри и тие слетаа во Атина, од каде продолжија за Солун.

Данилов не очекувал дека „на враќање дома“ ќе се случи тоа што се случи поради коронавирусот и дека тој, со уште двајца пријатели се сместени во државен карантин – хотел Ибис.

-Постојано сме во една соба. Времето, сакале или не сакале, ќе пројде. Не знаеме дали и кога ќе бидеме тестирани. Мислам дека ако пројавиме одредени симптоми тогаш ќе бидеме подоложени на тест, изјави во Утрински брифинг, Павле Данилов – македонски снукер шампион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − three =