„Македонска катинска шума“

You must need to login..!

Опис

Правдата, правната држава, функционирањето на правото.

Александар Диневски, поранешен разузнувач, познат по случајот „Шпион“, во кој што настрадаа дузина луѓе беше гостин во Утрински брифинг каде говори за бруталната репресија на „груевизмот“ и аферата Шпион, и судството како продолжена рака на тогашната Влада.

Аферата Шпион ја потресе македонската јавност. Со спектакуларни апсења, акции, со специјалци, хермелини… Беа апсени луѓе од разни структури, разни економски и политички провиненции и тоа дел од таа стратегија која што јас ја нарекувам „Македонска катинска шума“ во која беше ликвидирано се што имаше некакво значење за Македонија.

Имено така ја нареков, затоа што, ако се сеќавате Сталин во одреден момент уништи се што претставуваше цвет на полска интелигенција. Беа ликвидирани професори, верски работници, офицери, разузнавачи.

Груба е споредбата но во целиот процесго гледате во целина, па и процесот на лустрација погледнете који се луѓе се најдоа на удар на тој груевизам. таа најава беше со отвореното писмо во 2009 каде што стои дека „на страна што ги победивме на изборите тие треба да исчезнат, бидејќи се уште постојат“.

Во Шпион јас сум осуден, битката ја водам со вонредни правни лекови во Врховниот суд. Очекувам да се произнесе, посебно по оставката на Јово Вангеловски и по информациите кои протекоа дека во неговата фиока се наоѓале околу 30 такви предмети, меѓу кои, претпоставувам дека е и мојот предмет.

Поентата на ослободителните пресуди

Првата е донесена за петмина обвинети за други кривични дела, не за шпионажа и оддавање на државна тајна, туку за уцени закани и сл. Судот одлучуваше откако Апелација ги укина пресудите и ги врати на разгледување и одлучување.

Втората пресуда е многу побитна каде што Зоран Божиновски е ослободен за сите точки од обвинението, каде дел е и шпионажа и оддавање државна тајна. Значењето на самата пресуда е двојно и тоа ќе има значење и за другите обвинети.

Но најважната порака е што Судскиот совет се одважи и ја оствари својата уставна и законска обврска тој да биде dominus litis, господар на судската постапка, а не обвинителската.

Ова е прекин на таа вонзаконска судска пракса, каде доминантен фактор беше обвинителството кое што беше продолжена рака на извршната и политичката власт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − 3 =