Маглешов: Обвинителството гонело се, само не организиран криминал и корупција

You must need to login..!

Опис

Како потврда на тоа во каква состојба е Обвинителството за организиран криминал е блокираната сметка. Ова обвинителство кое работи со 350.000 евра годишно може да замислите како функционира. Обвинителството за организиран криминал во извесен период беше маша за политиката. Тоа беше и поводот и причината за формирање на специјализирано обвинителство. Кога ќе се направи пресек ќе се види дека се работело се, само не гонело организиран криминал и корупција, односно онаму каде што е моќта, изјави во Утрински брифинг новинарот Васко Маглешов.

-Пресекот покажува бројки кои се далеку од идеални. Будењето кое се сучува изминативе три години, со промената на власта и новиот буџет, нов кадар и нови простории, практично значи и ново раѓање, смета Маглешов и додава дека Обвинителството за организиран криминал треба се насочи повеќе кон финасиските истраги.

– Десетици пријави од финасиската полиција не завршуваат со епилог. Јас одговорно тврдам дека од 10 обвинители колку што моментално работат, дали тројца или четворица можеби и да разбираат финасиска истрага.

Целиот разговор со Маглешов погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 3 =