Лукиќ: Медицинските сестри се едни од клучните делови од Здравствениот систем

You must need to login..!

Опис

Тешки денови за сите нас. Се почитуваат мерките што ги даде Министерството, изјави за Утрински брифинг, Велка Гавровска – Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

Како што вели Лукиќ, интересно е што СЗО оваа година ја прогласи година на медицинските сестри.

Ковид-19 ја изби на површина потребата и важноста токму од овој персонал, изјави за Утрински брифинг Велка Гавровска – Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

Заболувањето на здравствените работници е на глобално ниво. Сестрите се максимално солидаризирани, се здружија од целата земја, ги споделуваат и разменуваат искуства и што е најважно – заеднички ја создаваат колективната сила. Се изготвува листа на сестри од другите клиники, кои им помагаат на медицинските сестри на Инфективната клиника, вели Гавровска – Лукиќ.

Прво ја поминуваат обуката со сестри ментори, нивните претходни знаења и вештини ги надополнуваат и проверуваат искусни сестри ментори, специјализирани за интензивно негување на овие пациенти.

Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија доби јавно овластување од Министерството за здравство за водење на единствен регистар на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование, изјави Гавровска – Лукиќ.

Ако ноќе во болниците видете запалено светло, тоа е собата каде што работи медицинската сестра. Мислам дека после кризава ќе се даде голем акцент за проширувањето и признавањето на образованитео на медицинските сестри. Ќе се обезбедат „безбедни“ работни места и ќе се стави акцент на млади сестри лидери во својата професија, вели Лукиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 − 5 =